Home News Позната причината за превртувањето на автобусот – возачот признал дека му се...

Позната причината за превртувањето на автобусот – возачот признал дека му се случило да задреме

Обвинителството од Славонски Брод го завршило увидот на местото на кое утрото се случи тешката сообраќајна несреќа во која според нивните податоци загинаа 10 лица а 23 лица се повредени.

Обвинителството констатира дека автобусот на Дева Турс од Приштина кој патувал од Франкфурт за Приштина, излетал на тревнатата банкина на јужната страна од коловозот.

„Возачот на автобусот е затечен на лице место и е приведен. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава“,

велат од обвинителството.
Од обвинителство појаснуваат дека тој самиот признал дека за миг задремал.

Според неофицијалните информации, тој го презел управувањето на автобусот на граничниот премин Брегана, меѓу Словенија и Хрватска, каде што се смениле со својот колега кој возел од Франкфурт до таму. Тој и девет патници смртно настрадаа во несреќата.

Previous articleАлександар Вучиќ сподели нови ужасни детали за злосторствата на кланот на Беливук
Next articleАли Ахмети оро води и вие Бајрак на свадба (ВИДЕО)