Home Uncategorized Елеонора Миљковиќ во иста поза и со исто бикини проба да ја...

Елеонора Миљковиќ во иста поза и со исто бикини проба да ја емитира Карлеуша – оценете дали и успеа (ФОТО)

Елеонора Нора Миљковиќ, нашата поранешна учесничка во „Задруга“, сподели неколку провокативни фотографии на својот Инстаграм, на кои атрактивната скопјанка е во секси костим за капење, мини бикини кои повеќе откриваат отколку што сокриваат, ама ако, зашто расната убавица има што да понуди покаже.

По кој знае кој пат Нора го сподели својот телесен раскош со јавноста, која одново може да се увери во нејзината надареност – дар на мајката природа, со мала помош на „естетската хирургија“.

Спој кој Нора ја прави ултра згодна, привлечна, пожелна и сексапилна, толку многу што дури и српските старлети не можеа да излезат со нејзината привлечност на крај, љубоморно фрлајќи се во очај.

Во оваа пригода Нора на себе носи ултра мини костим за капење, кој е веќе виден и тоа не кај било кого, туку истиот само пред некој ден го носеше и сама, најпознатата белградска „скандал дама“.

Истиот модел, па дури и истата светло сина-тиркизна боја, која совршено им прилега на обете, што наведува на тоа дека Елеонора Миљковиќ е некако сродна душа со Јелена Карлеуша!?

Previous articleЗОРАН ЗАЕВ: Никогаш да не ги заборавиме – да им оддадеме почит на жртвите од 26 јули 1963
Next articleПроф. Даниловски откри кога може да се случи третиот бран (ВИДЕО)