Вечерва се сретнав со жителите на Шуто Оризари, изминатиов период интензивно работевме на подобрување на здравствените услуги во оваа општина, но и решавање на други проблеми со кои се соочуваат.
Пред неколку месеци во оваа општина се реши проблемот со матичен гинеколог и близу 20.000 жени коишто живеат во оваа општина сега имаат пристап до гинеколошка здравствена заштита, рана дијагноза на одредени болести, редовни прегледи и се тоа што значи квалитетна здравствена услуга во делот на таа специјалност.
Во општината се реши проблемот и со матичен лекар, а пред десетина дена во Поликлиниката е отворен и пункт за вакцинација.