Home Uncategorized Лила во бикини се фотна на специјално место

Лила во бикини се фотна на специјално место

Објавите на социјалните мрежи на кои Лила „кисне“, зашто впрочем тие и се полигон или поточно алатка за екстра заработка, покажуваат дека водителката не оскудева од ништо, што може да си го приушти сама или да биде почестена како дама, од некој кавалер.

Од прошетките по Солун кој за жал „не е наш“, ама затоа Лила е, преку долгите сончања и опуштени уживања на грчките песочни плажи, до крстарењето со глисер по Егејот.

Стилски дотерана и тип-топ средена од глава до петици, од брендирани костими за капење до најситни дребулии и аксесоари, Лила пали и жари во секој поглед и прилика.

Како што гласи името на познатиот моден бренд „Victoria secret“, чии производи и водителката патем ги практикува, така и Лила има свои тајни, кои на моменти стануваат и јавни.

Но тајните си се само нејзини, а впечаток остави со својата фотка во бикини од плажа, на која изгледа светски.

Previous articleНема да одат во Шутка – Јанакиески, Ристовски, Трајко Велјановски и атанасовски добија куќен притвор
Next articleМицкоски цитираше изјава од Мисирков, за која вели дека е актуелна и денес