Home News Мицкоски цитираше изјава од Мисирков, за која вели дека е актуелна и...

Мицкоски цитираше изјава од Мисирков, за која вели дека е актуелна и денес

“Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.” велеше Крсте Петков Мисирков чиј живот згасна на денешен ден во 1926та година.

Оваа негова изјава е актуелна и денес. Мисирков ни остави значајно оружје во културното опстојување на нашиот народ, земја и јазик.

Од сите нас зависи каков однос ќе имаме спрема грамадните дела на нашите предци и каква иднина ќе им оставиме на нашите деца, напиша лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleЛила во бикини се фотна на специјално место
Next articleПандов качен на коњ одјава за Крушево (ФОТО)