Home News Нема да одат во Шутка – Јанакиески, Ристовски, Трајко Велјановски и атанасовски...

Нема да одат во Шутка – Јанакиески, Ристовски, Трајко Велјановски и атанасовски добија куќен притвор

Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски по денешната пресуда за организација на настаните во Собранието о 27 април ќе добијат ќукен притвор, бдејќи можат да избегаат.

За Јанакиески беше кажано дека мерката куќен притвор е доволна за обезбедување присуство.

-Судот донесе решение предлогот на Обвинителството за укинувањето на мерката куќен притвор за Миле Јанакиески и определување притвор да се одбие.

Според советот, ваквата мерка е доволна за обезбедување на обвинетиот до правосилност на постапката или поинаква одлука на судот.

Судот донесе решение по однос на предлогот за мерка притвор за останатите обвинети, тој делумно да се уважи. Спрема обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски се определува мерка куќен притвор до правосилност на пресудата.

Забрана имаат за напуштање на местото каде што ќе се издржува мерката куќен притвор. Има забрана за употреба на уреди за комуникација со лица. Ако не ги почитуваат мерките, ќе се определи притвор, рече Илија Трпков.

Обвинетелството бараше ефективен притвор, откако Вељановски денека беше осден на 6 години и шест месеци затвор, Јанакиески и Ристовски на 6,3 и Атанасовски на шест години во случајот кој се водеше како организатори на 27 април.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на шест години и шест месеци затворска казна, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на шест години и три месеци, а поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, на шест години.

Виновни се затоа што по неуспешните преговори за формирање на Влада, изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедност на Македонија со акти на насилство за да не се предаде мирно власта. Како отежителни околности се тежината на кривичното дело е позицијата на обвинетите, умислата на обвинетите, се вели во пресудата.

Previous articleФилипче: Се сретнав со жителите на Шутка – им го решивме еден од најголемите проблеми кои го имаа
Next articleЛила во бикини се фотна на специјално место