Home News Заев: Корумпирани се чиновниците, а не директорите и министрите

Заев: Корумпирани се чиновниците, а не директорите и министрите

Продуктивна, ефикасна и високо конкуретна економија може да се создаде единствено преку деполитизација на правосудството и администрацијата и креирање на соодветни услови во прилог на барањата на бизнис заедницата, што за жал оваа владина коалиција во изминатите четири години не успеа да го направи“, рече Тимчо Муцунски- ВМРО- ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев вината за корупцијата ја префрли врз административните службеници бидејќи тие имале контакти со граѓаните. Заев ги одбрани министрите и директорите за кои одговорно тврди дека не се корумпирани.

„Никаде во највисокиот ешалон, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција. Значи, таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите, пронајдена е по анализата системски, тоа значи во делот на административното функционирање на јавните институции.

Го утврдивме нивото на корупција кое што се случува на трето ниво, таму каде што граѓаните шалтерски допираат како со имотен лист, одобрение за градба решение, согласност и слично и ќе го промениме“, рече Заев, а пренесува Алсат.

Извештајот на Стејт Департметот за инвестициската клима во земјава нотираше дека корупцијата во земјава е постојан проблем, закони има, но власта ги гони само критичарите и престапниците од ситен калибар.

Previous articleПроф. Даниловски откри кога може да се случи третиот бран (ВИДЕО)
Next articleФилипче: Се сретнав со жителите на Шутка – им го решивме еден од најголемите проблеми кои го имаа