Home News Бране Петрушевски за Димитар Апасиев: Естраден, турбо-фолк пo литичаp

Бране Петрушевски за Димитар Апасиев: Естраден, турбо-фолк пo литичаp

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на својот профил на социјалните мрежи, кажа што мисли за Димитар Апасиев:

„Естрадниов турбо-фолк политичар, откако вчера најави дека ќе го брани “конечното обезличување на македонскиот народ”, денес не се појави во Собраниетo.

Го немаше на Комисијата за европски прашања, каде на дневен ред беше Законот за државјанство, па грбот му го чуваа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Го немаше на Комисијата за политички систем, каде на дневен ред беше Законот за лична карта, која не се оддржа поради немање претставник на Владата.

Претходно исто најавуваше дека ќе прави “големата” и бараше да пратат обезбедување, но и тогаш го немаше. Денес е втор пат како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му го чуваат грбот, а по секојдневните негови навреди кон нас, тешко дека ќе има и трет пат.

Лесно е да се прави фама на социјалните мрежи, со цел создавање на лажна слика демек ВМРО-ДПМНЕ ништо не прави, но тоа оди исклучиво во интерес на Зоран Заев.

Вистината е сосем различна, а од кои побуди тоа го прави фејсбук политичарот и дали е искеширан за тоа,нека си каже самиот.

Со оглед дека денес не бил на работа, единствено корисно што може да направи за државата е да ја донира денешната дневница на некое социјално загрозено семејство.

Previous articleКики Голубовиќ ја запозна новата женска со бившата жена: Да не беше ваква ситуација ќе се дружев со неа, рече Спаљевиќ
Next articleОд петок, во Црна Гора нови мерки за вирусот