Делта сојот од корона вирусот ги мобилизираше здавствените власти ширум Светот, да превенираат состојби од минатото кога бониците беа преполни.
Сега, особен акцент се става на оние кои се уште не се вакцинирани, биодејќи во крајна линија, тие и ќе бидат најзасегнати од евентуалниот експоненцијален раст на нови случаи со Делта сојот.
Здравствените власти кај нас, размислуваат наесен да воведат рестриктивни мерки за неимунизираните граѓани, односно за тие што не сакаат да се имунизираат и со тоа го загрозуваат здравјето на останатите, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
-Размислуваме дали е потребно нешто да се направи во есенските месеци, почнувајќи до септември. Ги пратиме искуствата во другите земји. Секаде во светот има дебата што и како треба да се прави.
Размислувањата одат во правец на тоа дали треба рестрикција во однос на граѓаните што не се имунизирани, некои земји воведуваат брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани итн.
Размислуваме, сè уште не сме донеле одлука, меѓутоа, ако процениме дека ризикот од неимунизираните кон популацијата, вклучувајќи ги и имунизираните е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки, рече Филипче.
Засега не се планираат рестрикции ниту на границите, ниту во државата или во рамки на организирање на настани со масовно присуство.