Home News Димитар Апасиев: И Грујо може да им позавиди на финтите на овие...

Димитар Апасиев: И Грујо може да им позавиди на финтите на овие сега

Димитар Апасиев: „Значи, вака иде ШВ ЕРЦЕР АТОТ на Изборниот законик на Широката коалиција СДС+ДУИ+ДПМНЕ:
– во 14:45 ч. стигнува Предлог-законот за изменување и дополнување на мејл на пратениците (материјал од скоро 80 страници текст);

– во 15:30 ч. почнува пленарна седница на Собранието на РМ на која се гласа потребата од скратена постапка на законот;

– во 16:15 ч. е закажана седница на Комисијата за политички систем.

p.s. Иако Деловникот ни дава право од минимум 5 (пет) дена за подготовка на амандмани, бевме ставени пред свршен чин – и времето за подготовка на амандмани изнесување неверојатни 45 минутки!

Чисто да си знаете со какви ликови секојдневно си имаме работа. И Грујо може да им позавиди на финтиве.“

Previous article(ВИДЕО) Медведев распали по организаторот во Токио: Кој ќе одговара ако умpам?
Next articleФилипче: Ако има мерки, тие ќе важат само за неимунизираните