Home News Филипче: Ако има мерки, тие ќе важат само за неимунизираните

Филипче: Ако има мерки, тие ќе важат само за неимунизираните

Ако има нови рестрикции ќе важат само за невакцинираните, вклучувајќи ги и младите односно адолесцентите на кои исто така може да им биде забранет пристап до одредени места каде што има ризик за големи собири – ова денеска го порача министерот за здравство Венко Филипче.

„Во однос на вакцинација на децата немаме во план како за нив така и за возрасните да наметнеме правило и тоа да биде задолжително ниту за училиштата.

Ниту за факултетите итн но во овие места каде што има ризик за големи собири тука размислуваме без разлика дали станува збор за адолесценти или возрасни, така што допрва ќе разговараме за мерките.“ – изјави Филипче.

Здравствените власти веќе ги кројат мерките за невакцинираните граѓани, а министерот дури споменува и примери на земји каде фирми барале од вработените да бидат вакцинирани.

„Ние ќе го штитиме јавното здравје со тоа што евентуално би вовеле такви мерки таму каде што има можност за масовни собири, јавни настани, можеби влез на некои места, за конкретните мерки ќе разговараме подетално во месец август, но нема да имаме друго чаре, ако тој интерес спласне.“ – изјави Филипче.

Ако епидемиолошката состојба е мирна како што е сега, министерот вели дека учебната година во септември ќе започне со физичко присуство на учениците.

Според податоците на здравствените власти досега вакцинирани се вкупно над 500.000 граѓани, од кои околу 360 000 се со две дози. Кај помладите пак, досега повеќе од 500 деца веќе ја примиле првата доза на вакцината Фајзер.

Previous articleДимитар Апасиев: И Грујо може да им позавиди на финтите на овие сега
Next articleЉупчо Златев имаше што да каже за „комитскиот“ стајлинг на некои наши политичари