Home News Ѓорѓи Спасов со бесплатен совет за Никола Груевски

Ѓорѓи Спасов со бесплатен совет за Никола Груевски

Ѓорѓи Спасов: Бесплатен ПР совет за Н. Груевски

Ако твоите најблиски соработници и другари ги судат и осудуваат, лежат по затвори и страдаат за нешта во кои заедно сте верувале, тогаш не е храброст да им праќаш пораки на подршка од удобна далечина.

Така личиш на капетан кој прв го напуштил бродот и плаче над судбината на удавените.

Биди војвода и дојди овде што и да ти се случи. Ќе бидиш маченик и жртва, чин кој твоите соборци многу повеќе ќе го почитуваат од твоето кукавичко бегство.

Само така би имал можност ,ако некогаш се сменат приликите, да застанеш со чист образ пред оние што си ги водел некогаш и пред нивните семејства.

Некогаш жртвата се исплаќа повеќе од лажната слобода. Борбата за правда и слобода многу често се водела и од затворски ќелии. И успевала.

Тие што се плашеле и бегале, оставајќи ги другарите на цедило, останувале секогаш без почитување и углед не само меѓу своите соборци и истомисленици туку и било кај да продолжат да живеат како бегалци. А тоа сигурно не е лесен живот ниту е тоа слобода за уживање.

Previous articleАмериканската рампа останува спуштена за Европа
Next articleКолозова: Рамбо Амадеус е во право – дебатата меѓу двајца секогаш се одвива на ниво на поглупиот