Home Uncategorized (ВИДЕО) Медведев распали по организаторот во Токио: Кој ќе одговара ако умpам?

(ВИДЕО) Медведев распали по организаторот во Токио: Кој ќе одговара ако умpам?

Тенисерот од Русија, Данил Медведев е еден од фаворитите за освојуивање на медал на Олимписките игри во Токио.

Тој полека но сигурно „гази“ низ изминатите мечеви, а последно беше подобар од Фабио Фоњини со 6:2, 3:6, 6:2 пласирајќи се во четвртфиналето.

Сепак, Медведев има огромни критики за организатроот и термините во кои се играат мечевите затоа што мечот против Фоњини се играше во 11 часот претпладне на 30 плус целзиусови степени.

Русинот изгледаше истоштен, изморен, побара медицински тајм – аут, а за време на истиот судијата го праша дали е способен да го продолжи мечот, на што од Медведев доби одговор, „да, но кој ќе одговара ако ја умрам тука?“.

Во следната фаза Медведев го чека дуел со Шпанецот Карен Бусто.

Previous articleЈоци за Груевски: Ја мислам на крај, негови вмровци ќе го донесат дома и ќе го ,,спакуваат”
Next articleДимитар Апасиев: И Грујо може да им позавиди на финтите на овие сега