Лидерот на СДСМ и премиер на Владата Зоран Заев, по објавувањето на договорот со неговиот коалиционен партнер Али Ахмети минатата недела, за коалиција на следните локални избори, денес на својот профил на социјалните мрежи извести за уште една таква соработка.
Овој пат, слична соработка како со ДУИ, договори со лидерот на ДПА, Мендух Тачи:
„Со претседателот на ДПА, Мендух Тачи договоривме соработка за локалните избори. СДСМ и ДПА реципрочно ќе соработуваат и ќе се поддржат во повеќе општини, со цел за граѓаните да ги обезбедиме најдобрите градоначалници и советници на кои служењето на народот им се главна цел и определба.
Во некои општини соработката ќе ја реализираме во прв круг, а во други општини во втор круг. #СДСМ продолжува ја гради и развива најголемата и најдобра коалиција за локалните избори во октомври“, напиша Заев.