За српскиот претседател Александар Вучиќ, се знае дека е голем фан на неприкосновениот српски шампион, Црвена Sвезда од Белград.
Тој при посетата на Македонија се дружеше со легендата на Вардар и Црвена звезда, златната копачка од 1991 година, легендарниот Дарко Панчев.
Вучиќ разменил неколку зборови со славниот фудбалер, па ги сподели на својата страница на Инстаграм со пораката:
„Со македонската и југословенската легенда Дарко Панчев. Чест ми е што успеав да се сретнам со големиот шампион“.