Home Uncategorized (ФОТО) Вака изгледа долгоногата Гевгеличанка која е крунисана за „Miss Earth Macedonia“...

(ФОТО) Вака изгледа долгоногата Гевгеличанка која е крунисана за „Miss Earth Macedonia“ за 2021

Гевгеличанката Ана Брзанова е само „уште една во низата“ убавици кои ја продолжуваат традицијата, дома да се враќаат со лента, дијадема и титула.

Ана со манекенство и моделинг се занимава четири години, време за кое учествувала на неколку интернационални натпревари во избор за мис, кои за неа преставувале огромно искуство во желбата за освојување на светските модни писти.

Младата убавица која важи за најдолгоногата мисица кај нас деновиве исто така ја претставуваше Македонија на уште еден избор – „Miss Earth Balkan“ што се одржа во Босна и Херцеговина.

Брзанова која има 21 година гордо ја понесени титулата „Кралица на убавината од Македонија“. Но ова не и е прва титула на нашата кралица меѓу убавиците со нозе „уз врат“.

Таа беше избрана за „Топ модел Македонија“ уште во 2019 година, „Мис Глоуб Србија“ следната 2020 година, како и „Мис на Евроазија“, во Србија 2021 година.

Previous articleАлександар Вучиќ посакува да нема граници
Next articleБране Петрушевски: Апасиев и Левица се најпосакуваното нешто на Заев