Унгарскиот парламент минатиот месец го одобри законот со кој се забранува хомосексуалците да се појавуваат на ТВ и да учествуваат во едукативни програми за деца под 18 години.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на овој начин сака да ги заштити децата и планира да одржи референдум за цензура на ЛГБТ воспитувањето.
Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон го критикуваше новиот закон и ги повика жителите на земјата да ги поддржуваат малцинствата.
“Апелирам до сите жители на Унгарија, многу убава земја. Пред трката, сакам да ги поддржам оние што беа погодени од владиниот закон против ЛГБТ заедницата.”
“Предлагањето на ваков закон е неприфатливо, кукавичко и погрешно однесување од страна на моќниците. Секој заслужува слобода да биде сам, без разлика со кого сака или се идентификува.”
“Ги повикувам луѓето во Унгарија да гласаат на референдумот за поддршка на правата на ЛГБТ заедницата: сега особено им е потребна нашата поддршка. Ве молиме, покажете љубов кон оние околу вас, бидејќи љубовта секогаш победува. Ви посакувам се најдобро.”