Home News Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски вечерва доживеал сообраќајка во Прилеп – се...

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски вечерва доживеал сообраќајка во Прилеп – се чувствува добро

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Прилеп доживеал сообраќајна незгода, пренесува порталот 360 степени.

На пат кон настанот за промоција на партиските политики, возило удрило странично во автомобилот во кој се превезувал Мицкоски. Причинета е помала материјална штета и нема повредени во сообраќајката.

Како што брифираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се чувствува добро, а веднаш по незгодата тој се обрати и на настанот пред прилепчани.

Во обраќањето, лидерот на опозициската партија зборуваше за политиките кои ги планира ВМРО-ДПМНЕ, а кои го засегаат регионот на Прилеп, па вети изградба на автопат кој ќе ја опфати трасата од Скопје кон Велес преку Бабуна кон Прилеп, Битола и Меџитлија, како и закон за забрана за увоз на тутун додека не се откупи домашниот.

На настанот се обрати и кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчевски кои вели дека ќе ја побара довербата со програма во која ќе има реални проекти, пренесува 360 степени.

Previous articleВучиќ како млад „искачал“ во Тропикана (ВИДЕО)
Next articleЕди Рама: Доста си koпавме очи на Балканот – ајде да се опаметиме и да се збогатиме