Home News Обзнането е новото име на „Мал Шенген“

Обзнането е новото име на „Мал Шенген“

Премиерот Зоран Заев на денешниот Економски форум во Скопје порача дека крајна цел на „Мини Шенгенот“ е да нема граници меѓу Македонија, Србија и Албанија. Тој напомена дека иницијативата е отворена за сите земји од Западен Балкан.

„Нашата крајна цел е да постигнеме да нема воопшто застанување на границите меѓу Србија, Северна Македонија, Албанија, а се надеваме понатаму и пошироко.

Второ, да ги подготвиме сите владини политики за слободно движење на услуги преку заемно признавање на професионалните квалификации, воведување систем без дозволи за интеркомпаниски трансфери.

Трето, да го прошириме слободното движење на граѓаните преку овозможување мобилност на студенти, научници. Дополнително да го олесниме слободното движење на капиталот“, рече Заев.

„Ние синоќа дадовме една задача. Ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе. Тоа не е лесно. Еден услов беше довербата. Друг услов е дали нашите три земји и нашите три влади ќе бидат во состојба брзо да испорачаат резултати.

Ќе можеме ли да ги надминеме сите слабости на нашите администрации. Ако го направиме тоа, на 1 јануари 2023 ние немаме граници меѓу нашите земји. Има, но нема граници за нашите граѓани. Одите од Белград до Тирана и никој не ве запира и обратно“, рече Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека регионот не може да продолжи да е заложник на минатото. Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот, изјави тој.

„Зошто би требало ние да чекаме затворени во нашите граници свртени грб со грб еден спроти друг како што тоа се случувало во минатите 500 години, бидејќи на крајот на денот оној момент кога ние ќе се интегрираме во ЕУ ќе го правиме токму ова што го правиме овде без ЕУ“, вели Рама.

Иницијативата за регионална соработка Мини Шенген, во која се опфатени Србија, Македонија и Албанија, од денеска има ново име – Опен Балкан, соопштено е денеска на состанокот на премиерите на Македонија и Албанија, и претседателот на Србија, Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ во Скопје.

На крајот на Форумот за регионална економска соработка, на кој присуствуваа и бизнисмени од трите земји, беа потпишани три меморандуми за соработка – за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки, за слободен пристап до пазарот и труд и за заштита од катастрофи.

Тројцата лидери денеска изјавија дека целта на иницијативата е до 2023 година да се укинат границите меѓу трите земји.

Previous articleЛуис Хамилтон распали по Орбан: Кукувички е вашиот потег
Next articleСтефче Трпковски: Шахпаска и СДСМ Сопиште да не се китат со „туѓо перје“