Home News Стефче Трпковски: Шахпаска и СДСМ Сопиште да не се китат со „туѓо...

Стефче Трпковски: Шахпаска и СДСМ Сопиште да не се китат со „туѓо перје“

Градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, на својата официјална страна на социјалните мрежи, реагираше во врска со градинката која е изградена во Општина Сопиште:

„Шахпаска и СДСМ Сопиште пред да се фалат со нешто што не е нивен проект, нека кажат дека да не беше општина Сопиште и успешното менаџирање на истата од страна на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски, немаше сега да има градинка во завршна фаза, туку ќе беше како и во сите други општини каде што нивните градоначалници потфрлија и ништо не работат.

Градинката која што се прави е со европски пари обезбедени од страна на општината, а не со пари на централната влада.
Во септември 2018 година општина Сопиште определи маркица за изградба на втора детска градинка на територија на општината, една година подоцна во септември 2019 година општина Сопиште изработи целосна проектна документација за изградба на истата, а веќе во септември 2020 година општината издаде градежна дозвола за изградба на детската градинка.

Дополнително општина Сопиште во јануари 2018 година аплицираше на ИПА повик од програмата на пред пристапни фондови од ЕУ за изградба на втора детска градинка.
Целата постапка и детската градинка која е во завршна фаза е проект на општина Сопиште и градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, всушност тоа е разликата помеѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и со тие проекти се фали и владата и СДСМ Сопиште

Previous articleОбзнането е новото име на „Мал Шенген“
Next articleВучиќ како млад „искачал“ во Тропикана (ВИДЕО)