Home News Тренерот на Георгиевски се откажа од парите и побара да му бидат...

Тренерот на Георгиевски се откажа од парите и побара да му бидат доделени на Дејан

На редовната 92-ра седница, Владата донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски, да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари.

Беше донесена одлука пари да му се доделат и на неговиот тренер Дарко Костовски и тоа 600.000,00 денари – информираат од владината прес служба.

Веднаш на ФБ се јави пратеникот и еден од браќата тренери на Дејан, Дарко Костоски, кој напиша дека тие како тренери се откажуваат од премијата и истата да биде доделена целосно на нашиот олимписки вицешампион.

“Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 000 евра за тренерите.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост !

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ).

ЗА МАКЕДОНИЈА!”, напиша Дарко Костовски.

Previous articleШилегов ги прошета по Скопје Рама, Вучиќ и Заев (ФОТО)
Next articleАлександар Вучиќ посакува да нема граници