Home News Александар Вучиќ посакува да нема граници

Александар Вучиќ посакува да нема граници

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, на вчерашната средба со Заев и Рама, зборуваше за границите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.

„Ако за две години стигнеме до точка кога би немале граници меѓу нас и камионите да можат слободно да минуваат, исто како и автомобилите, тогаш ми се чини дека постигнавме нешто за што сонувавме.

Не сум сигурен колку сите ќе бидат пресреќни во светот и Европа, но ние ќе бидеме среќни“, рече Вучиќ по средбата со премиерите на Македонија, Зоран Заев и Албанија, Еди Рама.

Тој изјави дека во четврток повеќе ќе зборува за договорите со Рама и Заев.

„Ние веќе не го бркаме тоа што некој ќе ни го направи или подари, туку она што можеме да го направиме заедно“, изјави Вучиќ, а пренесе „Новости“.

Претседателот на Србија е во посета на Скопје, каде што ќе има средби со Заев и Рама. Вучиќ најави и потпишување на три важни договори.

Previous articleТренерот на Георгиевски се откажа од парите и побара да му бидат доделени на Дејан
Next article(ФОТО) Вака изгледа долгоногата Гевгеличанка која е крунисана за „Miss Earth Macedonia“ за 2021