Home News До скоро работел нешто сосема друго – кој е Пламен Николов, кандидатот...

До скоро работел нешто сосема друго – кој е Пламен Николов, кандидатот за Премиер на Бугарија

Пратеникот Пламен Николов е кандидат за премиер на „Има таков народ“. Тој доби мандат за формирање влада од бугарскиот претседател Румен Радев.




Номинацијата се чуваше во тајност до крајот.

Претседателот на пратеничката група на Има таков народ Тошко Јорданов и пратениците Филип Станев, Ивајло Валчев, Станислав Балабанов и Пламен Николов влегоа во претседателството на Бугарија за партијата Има таков народ да добие мандат да ја формира нова влада на земјата.




– Како резултат на изборите на 11 јули оваа година, имате одговорност да го добиете првиот мандат. Луѓето гласаа за вас со очекување да го консолидирате фронтот на промени против неуспешниот корупциски модел на власт.




Време е да сфатите како и со кого. Бугарите ги очекуваат вашите предлози за кабинет во рокот утврден со Уставот, рече претседателот на Бугарија Румен Радев при предавањето на мандатот.

Претставниците на Има таков народ ги пречека протест на Народното движење за смена на системот.




Пламен Николов (44) од победничката партија на последните предвремени парламентарни избори во Бугарија, “Има таков народ“ е кандидат за нов премиер на земјата, пренесуваат тамошните медиуми.




Претседателот Румен Радев денеска му го додели мандатот за составување влада.

Николов е бизнисмен, кој на последните парламентарни избори беше избран за пратеник.

Како што објавија бугарските медиуми, Николов има докторат по филозофија на право, политика и економија, а се образовал на софискиот универзитет „Св.Климент Охридски“, каде станал магистер на филозофија на науката.




Потоа, продолжил во Австрија каде специјализиран на Универзитетот во Клагенфурт.

За себе има 15-годишно работно искуство во развој на деловна активност и менаџирање проекти, а бил на чело на канцеларијата на американска компанија.




Previous articleНашиот познат пејач ја батали музиката тука, отиде во Америка и сега живот си живее
Next articleВо Шведска не е како кај нас, работата која денес ти ја даваат, до вчера да мора да е готова