Силен говор одржа Премиерот на Албанија Еди Рама на форумот во Скопје:
– Можеме да имаме раст од 6-7 годишно ако се обединиме економски и ги отвориме границите и ги обединиме ресурсите и човечката сила, од ова никој не треба да се плаши, ова не е мала југославија или голема србија или голема албанија, од ова ниту ЕУ нема што да се плаши, ова е само забрзување на процесот на ЕУ на балканот, додека чекаме да не примат, да направиме и ние чекори со кои ќе си помогнеме самите на себе.
Додека Европа се богатеше со векови ние војувавме и очи си копавме на балканот свртени едни со други со нашите задници.
Или ќе се опаметиме и ќе се збогатиме или ќе си останеме да чмаеме во нашите мали сиромашни државички толку мали што сме смешни пред економските џинови во светот…
Не ми е јасно зошто се против ова Косово, Црна Гора и Босна, не ми е јасно зошто нивните политичари се плашат од овој процес и оваа идеја, за нас ова е стратешки процес од стратешко државно значење, не смееме да изгубиме уште време, веќе изгубивме 100 години, ние мораме да трчаме а не да чекаме повеќе…
Еве на пример видете ја темата за железниците, ако ние не се здружиме и не направиме балканска железница никој нема да ни даде пари за локални мали железници кои си врат внатре во земјите, тоа е пропаднат проект, само обединета балканска железница ќе биде економски исплатлива и ќе се најдат пари тоа да се изгради.
Сите проблеми можат да се решат само ако се гледа напред кон иднината, ништо нема да решиме ако се вртиме кон минатото, тоа е погубна опција за нас на балканот.