Home News Горан „Сакам да кажам“: Не се плаши СДСМ толку од ВМРО-ДПМНЕ, оти...

Горан „Сакам да кажам“: Не се плаши СДСМ толку од ВМРО-ДПМНЕ, оти додека е Мицкоски лидер би било глупаво да се плашиш

Новинарот и колумнист, Горан Михајловски, во својата најнова колумна „Сакам да кажам“, меѓудругото пишува:

„Не се плаши СДСМ толку од ВМРО-ДПМНЕ, оти додека е Мицкоски лидер би било глупаво да се плашиш, колку што се исплаши од граѓанките и граѓаните.

Па сега уште и ќе нè убедуваат дека тоа било по препорака на ОБСЕ/ОДИХР, па тоа биле европски практики… „Миле ми текна“ е работава. Ќе ги надмудриме, ќе си го смениме законот набрзинка, ќе си одиме по одмори, па ќе заборават.

Еве, нека проба Маричиќ, што многу е надмен па им се сили на довчерашните соборци, тој да собира потписи од 8 до 16 часот, кај државни службеници што се исто така ставени по партиски заслуги или интервенции.

Дури и чуварот кој ќе те прашува „кај одиш“ кога ќе одиш да се потпишеш е ставен од нечиј партиски список. Па ќе им паѓа системот, па ќе одат на пауза, па ќе им биде жешко, ќе бидат ослободени од работа…

Уште и бројките со ковид позитивни да продолжат да растат, па Филипче да може без итроштини да ги искомплицира протоколите…

Оф, оф, оф, ќе си се смеат по штабовите, ама сме ги зафркнале овие што се занесуваат, ќе правеле независни листи… Да можеа, ќе собереа потписи, ама ете, не можат. Што да им правиме? Демократија.

Што си мислат? Бојан ми текна. Ај ние ќе ги направиме глупави, а ним нема да им текне дека се глупави.

Џанам, ептен ќе се усреќат ако мислат дека луѓето се глупави.“

Целата колумна прочитајте ја на сдк.мк

Previous articleЛевица бара од Пендаровски да не го потпишува овој според нив штетен закон
Next articleСтевчо одговори на прашањето дали повторно ќе се кандидира за Градоначалник на Карпош (ВИДЕО)