Во пораст е бројот на заболени од Ковид-19 во државава. Податоците што ги објави вчера Институтот за јавно здравје за претходното деноноќие покажуваат дека при направени 3.764 тестирања се регистрирани 54 нови случаи со Ковид-19, 12 оздравени и нема починати пациенти.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројот на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а на активни случаи изнесува 401 од кои најголем број – 139 се во Скопје и 106 во Тетово…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, која денеска ќе се одвива во 19 населени места.
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 506.033 граѓани.
Прва доза вакцина завчера примиле 3.770 граѓани, а завчера вкупно се вакцинирале 14.230 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а ревакцинирани се 372.257 граѓани, соопшти Министерството за здравство, пренесува Скопје инфо.