За само неколку години, социјалната мрежа Тик Ток стана една од најомилените на сите корисници ширум светот.
За време на панде*ијата и карантинот луѓето се поврзуваа меѓусебно споделувајќи најразлични предизвици и видеа за поддршка, па од апликација која најмногу ја користеа тинејџерите, Тик Ток прерасна во гигантска идеја со корисници од сите возрасти.
Како што кажавме тука може да се видат различни трендови, од корисни факти, до сосема нелогични предизвици кои можат да бидат дури и штетни.
Сепак тука сите се за забава и понекогаш разгледувањето низ Тик Ток може да биде одлична идеја за справување со здодевноста, но и да ви каже дека не сте сами за одредени потешкотии и проблеми.
Сега меѓу корисниците се шири и тренд во кој жените објавуваат свои фотографии пред и по мажењето, покажувајќи и споредувајќи како изгледале пред и откако се омажиле со партнерот.
Доколку и на вас ви падна самодовербата по раѓањето на децата и не сте задоволни од сопствениот изглед погледнете ги видеата во продолжение: