Home News Ненад Јовановиќ: Иконографијата на Пандов асоцира контра НАТО и контра ЕУ. Да...

Ненад Јовановиќ: Иконографијата на Пандов асоцира контра НАТО и контра ЕУ. Да не’ зборувам колку е мрачна и одвратна

Статус на Ненад Јовановиќ: „Што прави овие два дена Пандов, просечниот и отупавен националист?

Пандов е јавна личност, очигледно е глумец, има облека која асоцира на едно митско време, што значи облеката асоцира на националистичка платформа, ножот и револверот се атрибути кои одредуваат некаков лажен триумф што треба да се покаже на јавната сцена.

А вистината е дека се работи за тежок очај, лажна симболика која воопшто не функционира во реалноста.

Пандов како јавна личност, со неговиот козерај го негира злосторството починето на 27 април 2017 година. Тоа е веќе очигледно.

Притоа, со оваа негова иконографија создава перцепција во јавноста дека некои структури на луѓе треба да се мобилизираат на претстојниот 2-ри август, а со тоа ни докажува дека само тие имаат право на Илинден, оти, нели, оние другите се предавници.

Оваа иконографија е увертира која треба да донесе нови расколи и бељи. Оваа иконографија е антимодерна, митска, а со тоа и крајно антимакедонска. Антимакедонска затоа што не припаѓа на ова време.

Иконографијата на Пандов асоцира контра НАТО и контра ЕУ. Да не’ зборувам колку е мрачна и одвратна. Дури мислам и тоа дека е невозможно овој човек да е дотолку глупав.

Кај ваквите луѓе обично ништо не е спонтано и автентично, се’ кај нив е смртно, старо и древно. И болно вкалкулирано и пресметано.

Ама ајфоните во нивните џебови врескаат со 300 на час. И тука лежи целиот апсурд и будалштина.“

Previous articleЦрногорци со тротинети направија „пепел“ во златара во Париз
Next articleЛевица бара од Пендаровски да не го потпишува овој според нив штетен закон