Home News Пендаровски контра големите партии: Нема да го потпишам законот

Пендаровски контра големите партии: Нема да го потпишам законот

Претседателот Стево Пендаровски најави дека нема да го потпише Изборниот законик со кој се бараат потписи од два отсто од избирачите во општината за независни кандидати да можат да учествуваат на локалните избори.

Пендаровски вели дека ако деновиве во Собранието се донесат измените, тој нема да ги потпише, бидејќи се оневозможува влез на други субјекти на политичката сцена.

„Нема логика јас како претседател и највисок орган во државата да се кандидирам со 10.000 потписи, а толку да треба и за советници во Град Скопје. Препораката на ОБСЕ/ОДИХР е до 1%.

Не може изборите да се распишат на 6 август, а два дена пред тоа да се носат измените”, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.

Previous articleСтевчо одговори на прашањето дали повторно ќе се кандидира за Градоначалник на Карпош (ВИДЕО)
Next articleНајголем број од новозаразените со вирусот се од овие 2 града