Home News Блаже Аризанов: НЕМА ИНФЛАЦИЈА!

Блаже Аризанов: НЕМА ИНФЛАЦИЈА!

Статус на аналитичарот на економски состојби, Блаже Аризанов: Биткоин максималисти – ај уште еднаш: НЕМА ИНФЛАЦИЈА!




„Од една страна го имаме Бранимир Јовановиќ, економскиот булшитер на деценијата и неговото – “Kаматните стапки се ултра ниски, владите треба да одат да си земат лесни, евтини пари и да се растурат инвестирајќи во јавна инфраструктура.” Човек да се прашува како успева Бранимир да си ги врзе врвките на чевлите на сабајле.




Од друга страна се Биткоин максималистите и нивното – “Се растурија Федералните резерви од печатење пари, иде инфлација, доларот обезвреднува, качете се сите на Биткоин возот”.




Да земе човек да ве стоцка глава од глава. Да се разбереме – Нема евтини пари.

Федералните резерви не печатат пари. Ниту било која друга Централна банка. Нема машина што испалува банкноти.




Печатењето пари е само сметководствен процес низ кој се зголемуваат банкарските резерви. Банкарските резерви не се пари во права смисла на зборот.

Банкарските резерви не се base money туку се само само asset swap, нема трансмисија на пари туку пренос на средства (assets).




Банкарските резерви функционираат на ниво на интербанкарски систем, не завршуваат во реалната економија.
Уште еднаш – Банкарските резерви не се пари.

И би било добро да намалиме со овој често споделуваниот графикон од Федералните резерви каде навидум количината на ново испечатени пари скока нагоре наеднаш, како мојата утринска ерекција. Незнаење par excellence.




Пак ќе речам – она што скока нагоре се нивото на банкарски резерви – не на парите.

Следствено на тоа – нема инфлација (мешаме потрошувачки Индекс, со инфлација).

Следствено на тоа – ако купуваме Биткоин само ради тоа што демек идело инфлација, гадно сме се зафркнале.“




Previous articleВо Шведска не е како кај нас, работата која денес ти ја даваат, до вчера да мора да е готова
Next articleЛиса Баута Шаќири: Сообраќајците кои се кријат меѓу грмушки ми личат на тинејџер кој со двоглед чека да ја ѕирне комшиката