Home News Бојан Маричиќ проговори за двајцата пратеници на Левица кои го блокираат законот

Бојан Маричиќ проговори за двајцата пратеници на Левица кои го блокираат законот

Министерот за Правда Бојан Маричиќ, вчера рече дека ќе има промени во текстот на Изборниот законик, ќе има некои подобрувања..




Начелно е постигната согласнот меѓу големите четири партии во која насока да се оди, и очекувам веднаш по одморите, на средина на август, овој закон да биде изгласан во Собранието, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

-Изборниот законик е комплициран за донесување и секогаш сме го носеле со консензус. Во овој момент се уште се работи на тој текст.




Постои предлог во Собранието, потпишан од неколку пратеници коориднаторите на четирите најголеми партии, но она што можам да го кажам е дека тоа не значи дека во таа форма конечно ќе биде донесен.

Има уште време, иако не премногу, но верувам дека по одморите ќе биде донесен, рече Маричиќ во гостувањето на телевизијата Канал 5.




Министерот посочи дека идејата е во законот да се имплементираат сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР кои што се потребни, и да се направат подобрувања на процесот, во интерес на демократизација на изборите, и поголемо учество на граѓаните.

На забелешките од партијата Левица, зошто за овој закон се договараат само најголемите партии, а не и помалите, Маричиќ рече дека вообичаено Изборниот законик досега се договарал токму меѓу четирите најголеми партии, кои имаат членови во Државната изборна комисија.




-Овој пат имаше работна група во Министерството за правда, која направи основен текст, потоа четирите најголеми партии го разгледаа и дадоа свои забелешки. Го изменија текстот, и потоа текстот беше консултиран за првпат најинклузивно што е можно со помалите партии во Собранието, кои немаат пратеничка група, меѓу кои и Левица, рече Маричиќ.




Министерот подвлече дека во однос на Изборниот законик, и ОБСЕ и претседателот го кажале своето мислење, но како што рече, подобро е да се почека за да увидиме во која форма ќе биде донесен законот и со кои решенија, за да може потоа да се коментираат наредните постапки.




Изборниот законик е комплициран и секогаш се носел со концензус, а во моментот постои само предлог кој е потпишан од координатори од четирите најголеми партии кој верувам дека по одморите ќе биде изгласан, а дотогаш веројатно ќе има промени, рече Бојан Маричиќ министерот за правда во костувањето на Канал5.




-Идејата е да се имплементираат сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР, а овојпат транспарентноста одеше дотаму што Предлогот на Министерството за правда најинклузивно иако не е обврска беше консултиран и со малите партии без право на потпис бидејќи секој има право да изнесе став. Сметам дека институциите треба да почекаат да се изгласа финаланата верзија, а потоа да имаат постапки, рече тој.




Според него не е добра праксата двајца пратеници на Левица да го блокираат целото Собрание особено за изборниот законик кој е потребен за спроведување на локалните избори.

-Тоа е на штета на процеост, консултациите траат неколку месеци, кога ќе има законски текст ќе биде предложен до Собранието а потоа може и да реагираат институциите доколку не е во согласност со сите препораки.




За овој закон праксата е политичките партии кои имаат претставници во изборната комисија да о поднесат до Собранието, ретко се случувало Владата да поднесува закон кој се однесува на изборите иако би било легитимно да има европско знаменце но според мене подемократска постапка е да биде донесен од пратениците, а во интерес е на граѓаните и изборниот процес за да имаме избори на есен, рече Маричиќ.




Previous articleЛиса Баута Шаќири: Сообраќајците кои се кријат меѓу грмушки ми личат на тинејџер кој со двоглед чека да ја ѕирне комшиката
Next articleЃоковиќ не освои ниту бронза, а на крајот го предаде и дуелот во двојки