Home News Ѓоковиќ не освои ниту бронза, а на крајот го предаде и дуелот...

Ѓоковиќ не освои ниту бронза, а на крајот го предаде и дуелот во двојки

Лоша олимпијада за најдобриот светски тенисер и покрај надежите и фаворитската улога за злато.




Најдобриот тенисер во светот денес беше поразен во натпреварот за бронза од Шпанецот Пабло Карено-Буста со 2:1 во сетови (6:4, 6:7 и 6:3).

Можеше да се забележи во мечот дека Ѓоковиќ се уште е под шокот од вчераниот пораз од Александар Зверев во полуфиналето. Освен тоа изгуби и во полуфиналето на мешани двојки.




Првиот сет го обележи многу мал процент на успешност на првиот сет кај Ѓоковиќ (47%), а Новак пропушти дури пет брејк топки во тој дел од мечот. Затоа шпанскиот тенисер направи еден, но вреден да стигне до добивање на сервисот.

Вториот сет донесе сигурна игра и од двата тенисери. Цврсто ги држеа своите сервиси и немаше шанса за брејк. Победникот беше решен во тај-брејк.




Таму Карено Буста лопо почна. Имаше Ѓоковиќ предност од 4:1 и изгледаше дека лесно ќе дојде до освојување на тај-брејот. Меѓутоа Карено-Буста одигра фантастична заврѓница и го сврти тај-брејкот на своја страна, дојде и до меч топка. Сепак, не ја искористи, Ѓоковиќ успеа да дојде до освојување на сетот и изедначување на 1:1.




Уште на стартот на третиот сет Ѓоковиќ пропушти шанса за брејк, па во нервоза го фрли рекетот на трибините, а потоа и вториот го скрши. Карено Буста му го одзема сервисот и дојде до предност која не испушти до крајот, го доби сетот со 6:3 и ја освои бронзата.




На крајот, Ѓоковиќ се откажа од натпреварот за медал во двојки. Новак Ѓоковиќ и Нина Стојановиќ, за жал, нема да се борат за бронза на Олимписките игри.

Откако Ѓоковиќ, по голема драма, го загуби натпреварот за третото место во поединечна конкуренција од Пабло Керен Буста, тој дојде во соблекувалната целосно исцрпен.




Не е за изненадување, тој одигра девет натпревари за седум дена, и не само што се бореше со Шпанецот два часа и 49 минути, туку ден пред тоа беше на теренот два часа и пет минути против Александар Зверев, а потоа уште еден час и 46 минути во полуфиналето на мешани двојки.




Денес, заедно со Нина, требаше да се натпреварува против австралискиот тандем Џон Пирс – Ешли Барти, но … немаше сила.

Изнервиран од новиот пораз, физички исцрпен по шест часа и 40 минути натпреварувачки тенис за 24 часа, во три различни натпревари, Новак едноставно се откажа од новиот настап на теренот, десетти за само една недела.




Затоа бронзата отиде кај Пирс и Барти, а српскиот „бел спорт“ го заврши натпреварувањето на Олимписките игри во Токио без освоен медал.

Previous articleБојан Маричиќ проговори за двајцата пратеници на Левица кои го блокираат законот
Next articleПознатиот имунолог процени кој ќе треба да прими трета доза и колку често ќе се имунизираме