Home Live Јордан Митев раскажа за маките кои ги тргал: Многу беше тешко на...

Јордан Митев раскажа за маките кои ги тргал: Многу беше тешко на 19 години да тргнеш од Радовиш

Минатата година, па и оваа, беше многу тешко за сите кои работат приватно. Тука во прв ред беа угостителите, дуќанџиите, но се чини најмногу „истрпеа“ естрадните уметници, поточно музичарите и пејачите.




Поради мерките кои се спроведуваа речиси цела година, тие не можеа да настапуваат, а се чини нивната мака, кулминација доживеа на крајот од оваа година, бидејќи, познато е дека музичарите токму за Нова година ги имаат главните тезги и ги остваруваат најголемите приходи, кои потоа ги трошат во текот на годината.




Многумина од нив се обидоа со алтернативни работи и бизниси, но многумина и не знаат ништо друго да прават, освен да музицираат. Сепак, сите тие се надеваат дека сето ова во Новата година ќе заврши и ќе се вратат на редовните работни обврски.




Еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Јордан Митев, со успех опстојува на македонската сцена веќе 15 години а во меѓувреме подготвува нов албум и два концерти за прославувње на својот јубилеј.

Јордан Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.




Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.




Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари. Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од кој што Митев собрал големо искуство.




Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.




Како автор досега има напишано доста голем број композиции кои што некои од нив се наградувани во Македонија

-За овие 15 години созреав и како пејач, и како човек. Почнав од 19 години и замисли како е да почнеш на тие години сам и да си од провинција. Не е лесно.

Затоа навистина низ годиниве како еволуирав како човек и како маж, така еволуирав и како пејач. Кога гледам што сум правел пред 10 години смешно ми е.




Но, такви биле годините, такво било размислувањето, сум мислел дека така треба и секогаш сум се трудил да бидам оригинален. Да ми рекол некој пред 10 години дека ќе правам песни како што е „Жена за 100 години“, „За тебе“, „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ немало да поверувам.




Денес мерило за успешна песна се прегледите а според тие е одлично. А прегледите за фолкери се многу мали. Медиумите многу малку пуштаат фолк музика.

Тешко е фолк песна да стане хит за еден месец, потребно е време. Но, сметам дека на фолк сцената треба нешто свежо и нешто да се менува.




Нека има примеси на фолк но треба промена и во имиџ и во визуелизација, треба нешто модерно. Времето на аматеризмот е поминато. На нашата сцена недостасува квалитет и сите ние треба да си го признаеме тоа, изјави Митев во една прилика за ММС.

Previous articleОмилениот музичар на невестите за садби се вери, наскоро ќе си свири и на неговата свадба (ФОТО)
Next articleФијат Цаноски за ФОКУС обзнани што разговарале со Груевски на нивната последна средба