Home Live Лиса Баута Шаќири: Сообраќајците кои се кријат меѓу грмушки ми личат на...

Лиса Баута Шаќири: Сообраќајците кои се кријат меѓу грмушки ми личат на тинејџер кој со двоглед чека да ја ѕирне комшиката

Граѓените многу често и самите бараат по големо присуство на сообраќајната полиција, особено во вечерните часови, кога брзо се вози и не се почитуваат сообраќајните правила и прописи.




Но има и такви, кои предупредуваат дека во текот на летната туристичка сезона, сообраќајците треба да бидат пофлексибилни, особено со странските туристи кои транзитираат по македонските патишта.

Полицијата завчера во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот санкционира 111 возачи на територијата на Град Скопје.




Од нив 37 се казнети за брзо возење, девет за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон за време за возење, девет за непрописно престигнување и обиколување, а 34 за непрописно паркирање. Санкционирани се и четири возачи на мотоцикл.




Од МВР најавуваат дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.




Пред два дена пак, МВР извести дека во периодот од 00.30 до 01.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово – Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, по претходно добиени информации дека на автопатот Скопје-Тетово, односно од бензинска пумпа на автопатот до влез на Тетово кај клучка север, ќе бидат организирани диви трки со возила, веднаш постапиле и затекнале 14 патнички возила со тетовски и странски регистарски таблици, кои биле привремено задржани во ПС за БПС Тетово, соопшти МВР.




– Во текот на денот возилата биле упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив биле констатирани технички неисправности, од кои две биле за поголема бучавост од дозволеното и биле конфискувани во траење од три месеци.

Сите неисправни возила веднаш биле исклучени од сообраќај, а против нивните возачи се поднесени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со казна од 400 евра во денарска противвредност, рекоа од МВР.




Секторот за внатрешни работи Тетово, воедно апелира до граѓаните, односно по младата генерација, дека организирање на диви трки со возила е ризично и опасно за нив и другите учесници во сообраќајот и дека секое постапување спротивно од законот ќе биде соодветно санкционирано.

Лиса Баута Шаќири, која со своите статуси го привлекува вниманието на социјалните мрежи, вчера напиша:




„Од Скопје до Струга куп полициски патроли, а ниедна достоинствена.

Полициски службеници заедно со нивните возила пикнати по грмушки, в’раце држат радар, демнеат, а изразот на лицето и целата таа слика потсеќа на тинејџер кој кришум во ноќта со двоглед се надева дека ќе успее да ѕирне меѓу две завеси како комшивката излегува од тоалет…




Другите се качиле на мост да мерат, па да им јават на нивните колеги неколку километри подалеку.

Возачите си блиндираат едни на други, како ние што правевме во основно кога гледавме дека учителките доаѓаат, па сите да се прибереме во училница за да не не караат.




За разлика од нас, во Албанија сообраќајната полиција најчесто само дава знак да се намали брзината, дава насоки како да се стигне до посакуваната локација, и речиси никогаш не се казнуваат странски државјани за мали прекршоци.

На овој начин, како што видов денес, граѓаните имаат чувство дека некој едвај чека да ги фати на грешка, и да ги казни.




Верувам дека далеку подобро би било да бидат видливи, затоа што и самото нивно присуство придонесува во регулирање на сообраќајниот ред.“

Previous articleБлаже Аризанов: НЕМА ИНФЛАЦИЈА!
Next articleБојан Маричиќ проговори за двајцата пратеници на Левица кои го блокираат законот