Home Live Омилениот музичар на невестите за садби се вери, наскоро ќе си свири...

Омилениот музичар на невестите за садби се вери, наскоро ќе си свири и на неговата свадба (ФОТО)

Една од групите која е најчесто ангажирана на свадбите и за домашните прослави е групата Маестро. Во периодот на пандемијата, нивните настапи беа сведени на минимум.




За овој тежок период на музичарите, во емисијата „Магазин“ пред извесно време зборуваа Илија Филиповски и Војче Петрушев, кои се членови на групата и многу блиски пријатели.

На почетокот се пошегуваа дека многумина ги мешаат и мислат дека се браќа.




Среќа за нив е што и двајцата се дел од ансамблот „Танец“, кој на почетокот од пандемијата немал ниаккви активности, но сега како што рекоа членовите на „Маестро“, иамаат редовни проби според протоколите.

Тие се многу благодарни на маестро Милан Завков, познатиот хармоникаш, со кој најавија дека подготвуваат нови песни.

„Од нашата сцена нема некој со којшто немаме свирено“, изјавија ченовите на групата.




За Нова година, групата направи лајф концерт кој беше подарок за нивните подржувачи и фанови, и со оглед на тоа дека речиси сите луѓе беа дома за Нова година, велат дека доста луѓе го виделе овој нивен концерт.

Илија и Војче зборуваа за тоа дека им недостогаат свирките, но и тие на луѓето им недостигаат.




„Многу ни пишуваат. Помина една година од последната свадба што ја свиревме и многу е тешко за нас, затоа што музиката е јавна професија и сакаме она што го знаеме и што го умееме да го презентираме на јавноста.

Не само дома да го вежбаме. Но, среќа, овој период го користиме максимално за во студио, за нови проекти.




Не сме излезени од студио веќе една година, поточно од мај лани до сега“, рекоа од група „Маестро“.

– Додека имавме настапи, имавме многу често, скоро секој ден, и по шест пати во неделата, фамилијата буквално не можевме да ја видиме.




Јас го фатив последниот воз, се оженив пред ко-роната, и тотално се посветив дома на фамилијата, и покрај тоа сме одморени за да можеме да твориме и да создаваме нешто ново“, рече Војче.




-Сега сме постојано заедно и си реков, кога овој период го истуркавме, после кога пак ќе ни почнат свирките, ќе биде полесно“, искоментира музичарот за својата сопруга. Потоа најави дека наскоро ќе стане татко, а Илија му е кум.

Илија пак рече дека не е женет, и дека ќе чека подобри времиња за свадба. Но, ете, еден месец потоа, и тој ќе ззастане на лудиот камен.




Во април месец, на Фејсбук многу пријатели му честитаа на познатиот музичар. Тој објави фотографија од него и од неговата сакана и само кратко напиша:

Таа рече ДА, те сакам Анастасија, и го покажа свршеничкиот прстен кој ѝ го избрал на својата сакана Анастасија.




Илија избрал убаво и романтично место за да ја побара Анастасија за жена, а тоа е Кањонот Матка во Скопје.

За убавата Анастасија се знае дека е од Охрид, така што Илија наскоро ќе стане охридски зет. Сега, музичарот има уште една убава новост.




По запросувањето, се случи и свршувачката, а убавата идна невеста се пофали на Фејсбук со фотографии на кои идните младенци се среќни и многу вљубени. Нека е со среќа!

Previous article(ФОТО) Ќерките на Борјан Јовановски и на Амернис пораснаа, а мајка им изгледа како тинејџерка
Next articleЈордан Митев раскажа за маките кои ги тргал: Многу беше тешко на 19 години да тргнеш од Радовиш