Home News Познатиот имунолог процени кој ќе треба да прими трета доза и колку...

Познатиот имунолог процени кој ќе треба да прими трета доза и колку често ќе се имунизираме

Науката се уште децидно нема кажано дали и кога би се примала евентуална трета доза од вакцината против корона вирусот.




По релативно мирната пролет и особено првите два месеци од летото, сега, со продорот на новиот Делта сој, насекаде низ Европа и Светот, здравствените власти разгледуваат стратегии за превентивни мерки, како би се избегнале сликите од минатите бранови на вирусот.




Ова особено, затоа што летото влегува во својот последен интервал, а со доаѓањето на есента и поладните денови, кога луѓето се групираат во затворени простории, ризикот од нов бран ќе станува сè поголем.




Џастин Стебинг, професор на Империјал колеџот во Лондон, денес процени дека третата доза од вакцината против корона вирус најверојатно ќе треба да се даде на постарата и најзагрозената популација, која потоа би се вакцинирала еднаш годишно, а помладите и здрави луѓе на секоја втора година.




Тој на онлајн панелот, организирана од Белградскиот медиумски центар и Фондацијата Флекситериан со седиште во Лондон, оцени дека ќе треба да се препорача и трета доза, но и дека комбинациите на вакцини се ефикасни и дека не би било проблем доколку некој бил вакциниран со друга вакцина.




Стебинг, еден од водечките светски имунолози-онколози и учесник во истражувањето и производството на вакцината Астра Зенека, која се покажа како многу ефикасна против вирусот на делта сојот, рече дека не смета дека имунизацијата треба да биде задолжителна.




Тој посочи дека се залага имунизацијата да биде по слободен избор, особено кај лицата на помлада возраст, наведувајќи дека е тешко да се условуваат луѓето, во ситуација кога некои истражувања покажуваат дека би било важно да се имунизираат децата бидејќи тоа ќе го спречи ширењето на вирусот, но други пак велат, нема.




„Искуството на Израел не научи дека ќе биде тешко да се постигне колективен имунитет. „Ќе живееме со тој вирус “, рече Стебинг и посочи дека во Велика Британија, каде што околу 80 проценти од возрасните се вакцинирани со барем една доза, бројот на хоспитализирани и поч инати повторно расте, и не е можно да се процени кога пандемијата ќе заврши.




Професорот на Империјалниот колеџ во Лондон додаде дека видот на делта веројатно е присутен во Србија во многу поголем обем отколку што покажуваат официјалните бројки, бидејќи се покажа дека оваа варијанта има многу поголем пренос и подвлече дека без оглед на новите соеви на вирусот, неопходна е сеопфатна имунизација…




Previous articleЃоковиќ не освои ниту бронза, а на крајот го предаде и дуелот во двојки
Next articleМногу ја сакаат гледачите – сега убавата водителка Елена Стојановска им подари слика од плажа (ФОТО)