Home News Реџеп Исмаил Хактан сака нешто да каже

Реџеп Исмаил Хактан сака нешто да каже

Статус на Реџеп Исмаил: „Јас сакам во мојата лична карта да ми стои мојата НАЦИЈА (а мисли на етничката припадност – и заложбата му е на секого во лична карта да му пишува етничката пипадност), македонска…и навистина тука не гледам ништо спорно нити спротивно од она што е вековна заложба на овој народ и граѓаните кои себеси се идентификуваат по РОД македонци„ – Христијан Мицковски, претцедател на најголемата опозициска партија во окупирана Македонија.




Искрен да бидам, не знам дали Мицковски и неговите следбеници навистина не разбираат на што се вовлечени или пак, едноставно се праат на удрени?

Но, ќе пробам вака пластично да објаснам со што се надевам малку од малку ќе придонесам кон превенција на ваквата гнасна и крајно опасна манипулација на грубо искористување на тешката историска положба во која се наоѓа македонскиот народ како конститутивен народ на државата Македонија.




Да почниме од обратно, односно од „вековната заложба“, во таа насока подолу ќе следува дел како содржина од самиот почеток на Крушевскиот манифест кој совршено ги доловува мотивите на тие народни херои:




„Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на ВЕРА, НАРОДНОСТ, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата…денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.“




Вие господине Мицковски, со ова дефинитивно сакате да ставите крај на придобивките од борбата и заложбата на овие херои. Јас брате Мицковски по РОД не сум македонец, јас сум македонец по НАЦОНАЛНОСТ!

Од 90-тите наваму, а особено од уставните промени во 2001-ва наваму, вирее страшен процес на дезинтеграција на македонската нација токму преку вакви заматувања на етничката култура и нацијата.




Јас господине Мицковски, кој по род не е македонец сум се интегрирал во македонската национална култура, можеби таквите како мене, не само што се ретки туку се и последна генерација, а ние наместо да го спречиме тоа дезинтегирање, вие со ова залагате истото да се забрза па дури и да му се стави печат, со што таквите како мене, ќе не не приморате да избереме едно од многуте племиња чија култура историски не го достигнала свеста за држава туку се закочила на гумно!




Ова подолу е мојата лична карта, која не е издадена од некаков клуб на љубители на кокичиња, ниту од планинарско друштво, ниту од некаква клерикална верска организација, не е ниту од хинду дружина, ниту од обединети нации, еу или нато, нејзе не ја издава ниту некакво културно-фолк здружение, нејзе ја издава Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, таа е доказ и референт на државата, односно за мојата НАЦИОНАЛНОСТ!




Те молам престани да правиш турбо фолк претстави на македонскиот народ, не ја користи на овој начин неговата тешка историска состојба кога се соочува со раб на губење на својата држава и кога веќе подолго време нема контрола на скоро половина територија на и онака разграбената му држава!




Ако немаш храброст, знаење и сила да се спотивставиш на сето ова и да да го впериш прстот кон вистинските причинители кои ЛОГИЧНО доведоа до денешната срамна состојба, повлечисе и гледајси ги хидроцентралите. Или како што илинденците велеа: „…ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо – а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите!




ДА ЗАКЛУЧАМ: Јас не сум етнички Македонец, граѓанин на Северна! Јас сум по националност Македонец,

Previous articleМногу ја сакаат гледачите – сега убавата водителка Елена Стојановска им подари слика од плажа (ФОТО)
Next articleТака не понижија во локал во Албанија, што нема да им стапнам веќе