Home Uncategorized Така не понижија во локал во Албанија, што нема да им стапнам...

Така не понижија во локал во Албанија, што нема да им стапнам веќе

Нашиот западен сосед, Албанија, од година во година станува сè по популарна туристичка дестинација, благодарение на нејзината зачудувачка глетка, интересни историски места и пречек на луѓето.




Ова е една од најмалку посетените земји во Европа и скапоцен камен кој чека да се истражи. Достапен е, има добра инфраструктура и толку уникатни локални места што не можат да се најдат на друго место.

Саранда со својата зачудувачка локација на Јонското Море, е благословена со постојано топло време, пенливи води и релаксиран начин на живот.




Додека крајбрежјето е малку поразвиено со својата линија на станбени блокови без идентитет, има многу убави делови на Саранда за шетање, како и многу барови, ресторани и продавници за сувенири кои се нудат.




Покрај античките урнатини пронајдени во градот, околината на Саранда е полна со историски места и природни убавини, што го прави одлично место за користење како основа за истражување на регионот.




Искуствата од престојот таму се најчесто позитивни, но има и непријатни ситуации. Семејство од Србија имаше едно такво доживување. Во група на социјалните мрежи, жената го сподели искуството.




Жената седнале во еден локал на плажа. Сите членови на семејството нарачале пијалок, и дека дополнително нарачала помфрит за децата.

Меѓутоа, наводно тоа не било доволно, па морале да станат од масата и да се оддалечат од кафулето.




Изревортилана рече дека после тоа, одлучиле да се вратат порано од летувањето и дека Албанија нема да ги види повторно.

Некои корисници на социјалните мрежи застанаа на нејзина страна и посочија дека таквото однесување на угостителите е недозволиво како и тоа дека и некој од нив има слично искуство.




Сепак, други посочија дека наводно ова е практика во некои ресторани кога има многу гужва и не треба да се суди за целата земја заради една лоша ситуација бидејќи такви има насекаде и дека тие наишле само на добрина и гостопримливост.




Во целост го пренесуваме нејзиниот статус:

„Јас сум личност со висока толеранција. Откако дојдовме, гледав низ прсти … како да е … не е важно … Се разбира, до денес.

На плажата Шпела тоа е единствениот ресторан со трска и пластични столови. Добро е да се засолните од топлото сонце. Нема некој луксуз.

Ние бевме, двајца возрасни и две мали деца на возраст од 3 и 4 години, сите нарачавме пијалок и едно помфрит за децата.




Ни рекоа дека не е доволно нарачаната храна за да можеме да останеме тука и да седиме подолго. Значи … Јас не сум доживеала таков срам за туристичко место во моите 40 -ти години.




Не е виновна Албанија, морето, плажите и се останато е одлично, но некои луѓе не се за да работат во туризам, дефинитивно, револтирано напишала жената во групата на социјалната мрежа Фејсбук.

Фото: Илустрација

Previous articleРеџеп Исмаил Хактан сака нешто да каже
Next articleДобри вести за оние кои ја примиле Кинеската вакцина