Home Live Јоци му објасни на Заев кај се наоѓала Тропикана, во коментар и...

Јоци му објасни на Заев кај се наоѓала Тропикана, во коментар и се „пушти“ Кили, таа го измаршира

При посетата на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама на Македонија, во текот на нивната прошетка, претседателот на Србија, Вучиќ се присети на времињата кога бил млад и кога доаѓал во Скопје. Пред медиумите тој изјави дека бил во „Тропикана“.




– Не паметам кога последен пат сум бил овде. Кога бев млад. Но, многу е сменето оттогаш. Супер е. Сега не се сеќавам, ама знам дека одев во некоја ‘Тропикана’. Сега немам поим ниту каде е, ниту би се снашол овде, рече Вучиќ.




Новинарката од телевизија Пинк по оваа изјава се сврте кон премиерот на Македонија, Зоран Заев очигледно надевајќи се дека тој ќе знае да и одговори на поставеното прашање, односно каде се наоѓа точно „Тропикана“.




Заев со смеење кажа дека нема поим каде е тоа „Тропикана“, одговарајќи дека тој е од Струмица.

– Не знам каде е. Јас сум од Струмица и не го познавам баш многу добро Скопје. Ама не е во центарот на градот, сигурно, изјави Заев.




Новинарката Јорданка Ивановска Јоци одлучи да го едуцира Заев каде била Тропикана:

Да го едуцираме Заев кој појма нема каде се наоѓала ,,Тропикана”. А, сепак сака гласови од центарци и карпошани, каде СДСМ традиционално сака да владее.




Кафе барот беше отворен на бул. ЈНА во 1989 година, за време на реформската влада на Анте Марковиќ, една година пред распадот на екс Југославија.




Пред да се отвори ,,Тропикана”, на истото место се наоѓаше кафеаната ,,Игно” со жива музика. Ечеа до Водно и назад хитовите на Лепа Брена, Зорица Брунцлик, Нада Топчагиќ, Мирослав Илиќ…




Ги држеа истите сопственици – по коен чичко Игно и неговата жена, тетка Јела, која по потекло е од Црна Гора.

На врата од кафе барот ,,Тропикана” имаше селекција, не можеше да влезе секој. На врата имаше обезбедување и тоа млади дечки од Факултетот за безбедност.

 

(Со многу љубов, нежност и почит, посветено на покоен чичко Игно Стојановски и на нашето Скопје).

На овој пост на Јоци и прокоментира познатиот актер Кирил Поп Христов, Кили:

-Јевала вас Тропикана, дај престанете, тоа беше најобична дупка!




-На ова Јоци остро му одговори дека и дошол на нејзин профил и навредува нејзини пријатели, и да прекине со неговите про стачки коментари.

Previous articleГо молам Бог ова да продолжи – Ване Цветанов и честиташе годишнина на Дунавка (ФОТО)
Next articleНа Црногорците им текна – еве како ќе го спречуваат поскапувањето на зејтин, млеко, јајца