Home News На Црногорците им текна – еве како ќе го спречуваат поскапувањето на...

На Црногорците им текна – еве како ќе го спречуваат поскапувањето на зејтин, млеко, јајца

Поскапувањата во овој пост ковид период се присутни речиси насекаде. Тоа е така, бидејќи производителите се соочија со недостаток на работна сила.




Во Англија на пример, поради мерката за изолација на секој оној кој дошол во контакт со позитивен, се испразнија фабриките.

Владата на Црна Гора им препорача на трговците да ги ограничат маржите на мало до 15 проценти за сончогледово масло, бел шеќер и млеко и до 18 проценти за јајца.




Како што јави Радио-телевизија Црна Гора, владата ја усвоила информацијата за спроведената анализа на маржите на трговијата на мало за производите што претставуваат основни прехранбени производи во Црна Гора.




Анализата утврдила дека евидентен е трендот на раст на цените на основните производи за широка потрошувачка на пазарот, што, како што додаваат, е делумно условено од растот на цените на горивата на светскиот пазар.




Меѓутоа, зголемувањето на цените на основните прехранбени производи, како што се лебот, шеќерот, маслото за јадење, млекото и јајцата, не е само последица на зголемувањето на цените на горивата.




Врз основа на анализата, може да се види дека просечните маржи за малопродажба се високи, со голема разлика помеѓу различните трговци, кои не се производ на сегашната криза на светскиот пазар на храна, како наследена од претходниот период – стои во соопштението.




Владата им наложи на трговците да ги приспособат своите маржи во моментот, со цел да избегнат евентуален инфлациски шок предизвикан од неконтролирано и неприродно зголемување на цените, што, како што велат, не е во ничиј интерес.




Previous articleЈоци му објасни на Заев кај се наоѓала Тропикана, во коментар и се „пушти“ Кили, таа го измаршира
Next articleДобиле симптоми и позитивен тест на одмор во Грција – еве како постапиле Грците со нив