Home Live Добиле симптоми и позитивен тест на одмор во Грција – еве како...

Добиле симптоми и позитивен тест на одмор во Грција – еве како постапиле Грците со нив

Протоколите за влез во Грција се познати од почетокот на летото. Тоа е негативен тест, доказ за прележаност на вирусот, или доказ за имунизација. Грците по избор, на својот граничен премин, прават и тестирање на некои патници.




Во популарната група на социјалните мрежи Live from Greece, се појави информација од срби кои се заразиле и добиле позитивен тест за времетраење на нивниот одмор на популарната дестинација за многу српски но и македонски туристи..

Ако некој се разболи, според протоколот, тој мора да оди во карантински хотел, каде ќе биде пренесен со брза помош. Целото семејство мора да оди ако биле во контакт, без оглед на фактот дека не се сите позитивни.




Сместувањето и престојот се на сметка на државата Грција, како и можниот третман, кој подразбира болничко или вон болничко лекување, што веројатно во случајот подолу не било потребно и неопходно.

Она што е важна информација од оваа порака на госпоѓата која се најде во ситуација и сака да остане анонимна е дека можете да стапите во контакт со Цивилната заштита, одговорна за управување со ситуацијата со ковид и да побарате посебна дозвола за напуштање на Грција.




Но, еве го објаснувањето:

„Добар ден, би сакала на оваа прекрасна група и нивните членови да им помогнам, а бидејќи нам претходно за нашетои летување ни помогна прекрасната Ивана Станојевиќ.

Имено, бевме на Касандра каде со сопругот летувавме кога му се појави висока температура и б олки во ушите.




Веднаш отидовме во амбулантата каде му беше направен тест, и според очекуваното тестот се покажа позитивен. Не доби никакви лекарства, само ни рекоа да си се вратиме во нашето сместување, да не излегуваме никаде и да го чекаме повикот од поли цијата.

Ова се случи многу доцна во ноќта, но ниту следниот ден никој не ни се јави. Дури следното утро добивме повик од Цивилна Заштита за да не известат дека мора да се преселиме.




Бидејќи на летувањето бевме отидени со сопствено возило, сопругот ги замоли да ни дозволат да си се вратиме дома.

Ни дадоа електронска адреса за лично да го напишеме барањето и преку пишан пат да им се обратиме.

Го напишавме мејлот со сите наши податоци, регистарска табличка и молба да ни дозволат да си одиме дома. Во рок од еден час добивме одговор во кој ни соопштија дека немаат никави забелешки и дека слободно можеме да се вратиме во Србија.




Си се спакувавме и тргнавме. Апсолутно никакви проблеми немавме на граница, бидејќи никаде не бевме регистрирани“, објасни жената.

Previous articleНа Црногорците им текна – еве како ќе го спречуваат поскапувањето на зејтин, млеко, јајца
Next articleСе огласи Ѓорге Иванов и го објави својот последен говор на Мечкин Камен во Крушево