Home News Илинден прогласен за ден на македонското наследство во Вашингтон

Илинден прогласен за ден на македонското наследство во Вашингтон

Денес е голем ден за нашата земја, се слави еден од најголемите празници, Илинден!




-Во овие времиња на неизвесност да ги надминеме поделбите и да се обединиме околу изворните илинденски и АСНОМ-ски идеали, вели во своето обраќање претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

„Годинава прославуваме 30 години од независноста, години во кои имавмеи подеми и падови, три децении на успеаси,но и на бројни надворешни и внатрешни искушенија,кои предизвикаа длабоки кризи и поделби.




Во овие времиња на неизвесност за нас, но и за целиот свет, ќе мора одново да ги надминеме внатрешните поделби и да се обединиме околу изворните илинденски и АСНОМ-ски идеали. Да ја вратиме довербата на граѓаните во државата, преку јакнење на демократските институции и владеењето на правото.




Да им овозможиме на младите тука да го градат својот свет и да ги почитуваме различните од нас како претпоставка за општество на рамноправни граѓани. Слободата се раѓа како идеа, се стекнува со борба, а се одржува преку напорите на секоја генерација, на секој еден од нас, вели претседателот.

„За многу години Илинден! Да ни е вечна и вековита Република Северна Македонија!“, заврши Пендаровски




Амбасадата на СAД упати честитка на официјалниот фејсбук профил по повод националниот празник 2 август – Илинден.

– Од сите нас во американската aмбасада, Честита 118-та годишнина од Илинден! – стои на фејсбук статусот на Амбасадата.




Мјуриел Баузар, градоначалничката на Вашингтон во честитката по повод македонскиот празник Илинден го спореди овој празник со борбата за државност на Вашингтон и повторно го прогласи Илинден за Ден на македонското наследство во Вашингтон.




„Додека денес Обединетата македонска дијаспора и македонско-американската заедница го одбележуваат Илинденското востание од 1903 година, бунт во потрага по слободна, независна и суверена Македонија;




Додека македонската независност првично беше краткотрајна, Илинденското востание значително резултираше со формирање на првата демократска република во Југоисточна Европа и ги постави темелите за ослободување и независност во 1991 година;




Додека историската борба на Македонија за самоопределување е паралелна со денешната борба за државност на нашиот град, која одекнува со македонско-американската заедница во Вашингтон, која стои солидарна со нас;




Додека Вашингтон е горд што ги слави културните традиции, потекло, храна, јазици, историја и огромните жртви на македонската заедница, ние исто така можеме да научиме од бескомпромисните концепти на нивните предци

за слобода, независност и еднаквост, кои фундаментално го променија текот на македонската историја и го зајакнаа народот да остави храбро наследство во својата татковина и низ целиот свет:




затоа, сега, јас, градоначалничка на Вашингтон, со ова го објавувам 2-ри Август 2021 година, како Ден на македонско-американското наследство во Вашингтон“, се вели во прокламација на градоначалничката на Вашингтон Мјуриел Бaузер.

Previous articleВанковска: Пендаровски, не може така – во исто време велиш „За многу години Илинден!“ и „Да ни е вечна и вековита република Северна Македонија!“
Next articleГруевски честиташе Илинден