Home News Се огласи Ѓорге Иванов и го објави својот последен говор на Мечкин...

Се огласи Ѓорге Иванов и го објави својот последен говор на Мечкин Камен во Крушево

Поранешниот Претседател Ѓорхе Иванов, денес на својот профил на социјалните мрежи го честиташе Илинден, а потоа потсети на неговиот последен говор на Мечкин Камен во 2018 година:




„Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?“ Гане Тодоровски.

-Историјата ќе суди за тие што го следеле патот, го исполнувале заветот и не се откажувале од светлината на Илинден, светлина која многумина се обидувале да ја попречат за да не стигне до идните поколенија.




За многу години Илинден! Нека ни е вековита слободата, независноста и сувереноста! Да живее Република Македонија!

Последниот претседателски говор за Илинден на Мечкин Камен, 02.08.2018:

Почитувани граѓани на Република Македонија,




Годинава, на ден Илинден одбележуваме 115 години од славната Крушевска Република, 74 години од државотворниот АСНОМ и 27 години од независнoста на Република Македонија.

Република Македонија е плод на неповратниот историски процес што започна со пролетта на европските народи во првата половина на 19 век. Но, таа пролет кај македонскиот народ беше поинаква.




Додека соседните балкански народи преку монархии градеа независни држави, Македонскиот народ го избра патот на републиката. За разлика од оние кои повикувале странски династии да ги заштитуваат и претставуваат, Македонскиот народ сам си ги давал своите заштитници, застапници и хе рои кои се бор еле за општото добро – за res publica.




Водени од тој идеал, на ден Илинден 1903-та тука во Крушево, тие ја формираа првата македонска република – Крушевската Република. Тоа е воедно и првата демократска република на Балканот која ги вклучи идеалите на слободата од тиранијата, еднаквоста пред законот и братството меѓу народот на Македонија.




Иако краткотрајна, Крушевската Република внесе светлина во долгата и темна македонска ноќ. Иако само за миг го огреа таа светлина на слободата, народот повеќе не сакаше да се врати назад во темнината на ро пство -то и тир анија -та. Слободата на Републиката стана негова трајна идеја-водилка.




За Илинден и за славното Крушево пишуваа сите светски медиуми. Сведоштвото за тој сон се пренесуваше низ сите светски метрополи, од Њујорк, Москва, Токио, Виена, Берлин, Лондон, Париз дури и до земјите на Латинска Америка…“

„…Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми,

Почитувани христијани, муслимани, Евреи, атеисти,




Еден од столбовите на македонската република е и македонскиот јазик. Република Македонија и овозможува на секоја заедница да го користи својот јазик во сите сфери и на сите нивоа во согласност со Уставот.

Република Македонија е задничка татковина на сите нејзини граѓани. Ние се гордееме што имаме 68 години од Албанскиот и Турскиот театар во Република Македонија.

Имаме богата издавачка дејност и на Албански, Турски, Српски, Влашки, Ромски, Бошњачки… Дали друга Балканска држава може да се пофали со таква традиција на меѓусебно почитување на која можат да ни позавидат и многу европски држави.




Но, ваквото единство на различноста е возможно благодарение на македонскиот јазик што ја има незаменливата улога на официјален јазик на државата, основен комуникациски код и кохезивен фактор што ги поврзува сите сегменти на македонското мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општеството.




Македонскиот јазик е lingua franga благодарение на кој припадник на една едничка заедница се разбира со припадниците на другите етнички заедници. Тоа е дел од нашиот општествен договор.

Нашата сила е во нашата различност, а нашата различност е гарантирана со нашето единство. Израз на тоа единство е македонскиот јазик…“

Целиот говор можете да го прочитате ТУКА

Previous articleДобиле симптоми и позитивен тест на одмор во Грција – еве како постапиле Грците со нив
Next articleВанковска: Пендаровски, не може така – во исто време велиш „За многу години Илинден!“ и „Да ни е вечна и вековита република Северна Македонија!“