Home Live Бил Гејтс за своите деца: Сакаме да постигнеме рамнотежа во која имаат...

Бил Гејтс за своите деца: Сакаме да постигнеме рамнотежа во која имаат слобода да направат било што, но не и толку многу пари кои ќе им овозможат да не прават ништо

Милијардерот и коосновач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда неодамна на Твитер објавија дека се разведуваат по 27 години брак, а двојката има три деца на возраст од 19 до 25 години кои, исто како и родителите, приватните животи ги држат далеку од очите на јавноста.




Бил и Мелинда Гејтс се запознале во 1987 година, кога таа се приклучила на неговата компанија „Мајкрософт“, а двојката се венчала во 1994 година и помина полни 27 години во брак.

Бил и Мелинда својата приватност секогаш љубоморно ја чуваа, а дека имаат проблеми во бракот јавноста не знаеше ништо сè додека Бил Гејтс таа вест не ја објави на својот профил на Твитер и со неа ги шокираше сите.




Секогаш хармоничната и рамноправна двојка, како на работа, така и во приватниот живот, отсекогаш била внимателно насочена кон планирањето.

Математиката играше голема улога во сите сегменти во нивните животи и ништо не оставаа на случајноста.




За првото дете се одлучиле откако Мелинда работела 10 години во „Мајкрософт“, а секое следно дете е родено со три години разлика. Мелинда по раѓањето на првото дете одлучи да се посвети на семејството и повеќе да не се враќа на работа, а таа одлука го шоkираше Бил.

По скоро три децении заеднички живот двојката има три деца.




Многумина беа изненадени кога дознааа дека трите деца нема да го наследат огромното богатство на своите родители, туку само помал дел. Се претпоставува дека секое дете од родителтие ќе наследи по 10 милиони долари.

Иако тоа не изгледа малку, тоа е прилично скромен износ во однос на 130 милијарда долари, на кои се проценува богатството на Бил.




Бил и Мелинда одлучија поголемиот дел од парите да го донираат во добротворни цели, а причината за тоа ја откриле на конференцијата TED каде Бил кажа:

„Сакаме да постигнеме рамнотежа во која имаат слобода да направат било што, но не и толку многу пари кои ќе им овозможат да не прават ништо.“




Семејството Гејтс има нето вредност поголема од 100 милијарда долари, а кога станува збор за нивниот развод, тој би можел да биде рекорден по големината на спогодбата.

Најголемата спогодба за развод моментално припаѓа на основачот на Амазон, Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, кој го финализираше разводот од Мекензи Скот за околу 36 милијарда долари.




Previous articleСАД препорача да не се патува во Грција
Next articleСе шири како Овча сипаница – сите се загрижени по најновиот развој на настаните со Делта сојот