Home News Борче Стаменов: Решивте дека подобро е министрите да се возат со гланц...

Борче Стаменов: Решивте дека подобро е министрите да се возат со гланц нови автомобили, наместо да ги оспособите противпожарните авиони

Нема кој не го знае Борче Стаменов од Кавадарци, кој е познат по прекарот Донирај компјутер..




Самохрана мајка на три деца го инспирирала Борче Стаменов од Кавадарци да ја започне акцијата „Донирај компјутер“. Борче веќе пет години поправа стари компјутери и потоа ги донира на млади и семејства кои не можат да си купат нов.




Тој еднаш изјави дека во денот може да поправи и до 20. „Сега веќе ми е рутина, се случува и за еден час да средам еден компјутер“, изјави Борче.

Приказната за него брзо се рашири преку неговата Фејсбук страница „Донирај компјутер“ , на Твитер и од човек на човек.




Вели дека во неговото родно Кавадарци луѓето го препознаваат на улица, му честитаат, но неговата цел не е тој да стане познат, туку да се шири приказната за „Донирај компјутер“.

– Јас сум инаетчија по природа. Кај мене ‘не можам’ или ‘тешко ми е’ не постојат. Ако досега сум замислил нешто, тоа и сум го остварил. Така беше случајот и со „Донирај компјутер“. Има доста работа.




Комуникација со донатори, комуникација со баратели на донација, пакување, распакување, поправање, инсталиции, праќање на донациите со карго, селекција на отпад…

И нормално морав цело ова да го вклопам со работните обврски кои ги имам на работа и не смеам да ги запоставам или ставам во втор план.




Но, целта која акцијава ја има не ми дава да се изморам. Со добро планирање, добар распоред и огромната желба да се помогне успеав сè да ставам ‘под конец’ и цела оваа авантура да тече беспрекорно добро.




Цела таа операција се одвива преку страницата која ја направив на ФБ. Таму контактирам со сите. Оние кои имаат опрема за донирање добиваат мои податоци кои им се потребни за да ја достават истата.




Со некои правиме и договори за донација за кои имам огромна помош од невладината огрганизација „Зона“ од Кавадарци. Понекогаш доставата ја правиме со карго, а понекогаш самите тие доаѓаат до Кавадарци и ја оставаат.

Тоа е уште една работа која ми е посебно омилена. Луѓе кои не ги познаваш дошле од некој крај на Македонија само за да ти остават едно пакетче.




Го даваат за некој кој не го познаваат. Не можам ни да ви опишам колку ми е мило што го почнав ова и инспирирав огромен број граѓани да се вклучат! Со примателите на донација исто контактирам преку страницата.

Секој од нив е должен да достави потврда за социјалната состојба во која се наоѓа“, изјави Борче за Точка.




Тој го даде своето мислење откако голем пожар го зафати Кочани а Премиерот Зоран Заев и неколку министри тргнаа накај Кочани.

-Премиерот и неколку министри биле на пат кон Кочани. Абе нема потреба од вас таму. Вие, требаше да обезбедите исправни противпож арни авиони, камиони и опрема за пожарникарите.




Ама решивте дека подобро е министрите да се возат со гланц нови автомобили, да плаќате прослави на некакви договори наместо да ги оспособите противпожарните авиони, а пож арите нека се гаснат со фапови од 1970, лопати и мотики.

Не џабе е кажано она подобро е да се спречи, отколку да се лечи. Амa па и за да го разбереш тоа треба малку мозок да имаш.“, напиша на Фејсбук Борче.

Previous articleГруевски честиташе Илинден
Next articleДиректорката на ФЗОР со одлични вести за оние кои ја примиле кинеската вакцина