Home News Гори во близина на бензинска до граничниот премин Богородица (ФОТО)

Гори во близина на бензинска до граничниот премин Богородица (ФОТО)

По драмата која што се случуваше вчера во Кочани, денес вести за нови пожари во Македонија.

Денес на прес, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов објасни како се одвивала акцијата за ставање под контрола на ситуацијата. Ангелов вчера беше мета на критики, поради лошото споравување со новонастанатата состојба:

„Најлоша е ситуацијата во Старо Нагоричане, во некои села каде што вчера раководителот на секторот за операции и координации на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше во акција на евакуација на граѓани кои беа загрозени и таму од пожарот беа зафатени неколку куќи, но беа спасени човечки животи, изјави денеска директорот на ЦУК Стојанче Ангелов..

Денес беше одлучено дека нема потеба од прогласување на кризна состојба на дел од територијата на земјава, но сепак будно се следи ситуацијата.

Според него, оваа одлука се должи поради тоа што претседателот Пендаровски даде наредба за употреба на копнени сили на Армијата, а исто така каналите за добивање меѓународна помош се отворени.

-Вчера се појавија дезинформации дека вчерашниот пожар во Кочани траел 5-6 денови и не бил изгасен. Тоа е ноторна лага.

Вчерашниот пожар беше сосема нов, на нова локација и се случил најверојатно поради спојување на жици од бандери или далноводи, но тоа МВР треба да ја спроведе истрагата и да соопшти. Сметам дека треба да бидам награден зошто го спасив Кочани, објасни Ангелов.

Денес гори во пламен шумскиот појас на македонско-грчката граница, соопштија од Општина Гевгелија.

Од таму велат дека попладнево, околу 13 часот, пожар избувнал во ридските предели крај автопатот на македонско-грчката граница. Пожарот е близу хотел „Фламинго“ и бензинската пумпа „Шимов“.

„Моментално, ТППЕ- Гевгелија со две возила и мобилизирани пожарникари, како и вработени од ЈПКД „Комуналец“ со едно возило и механизација се на терен и преземаат мерки за локализирање на истиот.

Според информациите од ТППЕ- Гевгелија, пожарот зафаќа борова шума, а огнените јазици се шират кон грчката територија.

Од страна на надлежните се информирани и грчките пожарникари. Засега не се познати причините за настанување на елементарната непогода“, велат од општината.

Пожарот што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и Граничниот премин Богородица не ја загрозува сообраќајната фреквенција на граничниот премин која се одвива нормално и без прекин, соопштија од граничната дежурна служба.

Во попладневните часови состојбата со сообраќајната фреквенција е секогаш порелаксирана поради помалата гужва така што нема поголеми задржувања од петнасетина минути.

Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Новинарката на Фокус Вики Клинчарова, пред околу половина час, објави фотографии од местото на случувањето:

Previous articleНиколчо од Кочани со исповед за вчерашната ноќ – 400 луѓе се организиравме преку фејс
Next articleСрпскиот Министер Вулин лично дојде, заедно со хеликоптерите