Home News (ФОТО) Мицкоски објави слика со Александар Вучиќ и кажа што разговарале

(ФОТО) Мицкоски објави слика со Александар Вучиќ и кажа што разговарале

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, вчера ја прокоментира изјавата на Бујар османи, дадена по повод Илинден:

„Илинден е важен ден за Р. Бугарија, понатаму ќе каже “заедничка историја” министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи.




Една кратка историска лекција: Св. Илија/Илинден во револуционерна и политичка смисла на зборот може да биде важен за Бугарија само како дел од нивните учебници каде се изучува правилно историјата на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и останати и нивната автентична борба за сопствена македонска држава во срцето на Балканот.




Заедничка може да биде нашата историја во географска смисла бидејќи двата народи и двете држави припаѓале и припаѓаат во географската целина балкански полуостров, но никако и политичка.




Зошто? Ако се иземе периодот од 1941-1944 кога бугарските фа -шисти ја окупирале територијата на денешна Македонија и биле пор азени и про терани, никогаш пред, но и после тоа не сме биле во заедничка политичка и уставна држава заедно за да имаме “заедничка историја”.




Ова е груба провокација од министер во влада на Македонија кон македонскиот народ и непочитување на историјата, традицијата и жртвата за независна и суверена македонска држава.

Очекувам извинување веднаш и јасно правење разлика од “заедничката историја” во географска од политичка смисла на зборот.




Во спротивно уште на локалните избори македонскиот народ во Тетово, Гостивар, Чаир, Струга, Дебар, Теарце…., гласно ќе проговори за оваа груба провокација на Бујар Османи…“

Денес, Мицкоски објави дека се сретнал со српскиот Претседател, Александар Вучиќ:




„Денес во Белград, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Aleksandar Nikoloski и пратеникот и лидер на ДПСМ г. Иван Стоилковић остваривме средба со Претседателот на Република Србија и лидер на СНС г. Aleksandar Vučić .




На средбата се разговараше за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка.

Посочив дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани.




Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за сите, посочувајќи дека европското интегрирање треба да биде акцелератор на тие процеси.

Истакнавме подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.




Вучиќ даде поддршка на позициите за развој на соработката и продлабочено пријателство, како и иницијативата “мини шенген” која не смее да се гледа како алтернатива на Европската Унија туку како на начин на премостување на бариерите и развој на државите.“

Previous articleПроф. Даниловски: На Короната кај нас и „одѕвони“ – не сум за рестрикции
Next articleСтојанче вели дека го спасил Кочани, а еве што му порача новинарката Јорданка