Home Live Николчо од Кочани со исповед за вчерашната ноќ – 400 луѓе се...

Николчо од Кочани со исповед за вчерашната ноќ – 400 луѓе се организиравме преку фејс

Сите авторитети, поединци и институции, јавни претпријатија, медиуми, здруженија на граѓани, еколошки и планинарски друштва и други субјекти, да одвојат барем пет минути за превенција и спречување на пожари.




Граѓаните да бидат посовесни при секое излегување на отворен простор, поле, нива, шума. Да ги преземат сите мерки за да се исклучи човечкиот фактор и тие да не бидат предизвикувачи на пожари. Кочани да не се повтори..

На ова денеска повика инспекторот за превенција Димитар Каракулев.




– На сите наплатни рампи во државата, од ЈП „Македонски шуми“, да се остават „купишта“ едукативни флаери за превенција од пожари, кои ќе им се даваат на сите возачи кои транзитираат низ државата или се упатуваат кон излетничките места.

Еден отпушок од цигара фрлен низ прозорецот на овие високи температури може да предизвика последици од големи размери. Доколку се открие дека некој намерно предизвикал пожар, да се преземат најригорозни мерки против него, нагласи Каракулев.




Тој додаде дека и во населените места, во дворовите, шупите, граѓаните да ја проверат состојбата со лесно запаливи материјали и предмети и да ги обезбедат, бидејќи како што рече, голем дел од нив чуваат покрај куќите и во дворовите суви прачки и отпадок од винова лоза заради печење на ракија.




-Тоа преставува исто така потенцијална опасн ост од предизвикување на пожари, заврши Каракулев.

Траорна ноќ преживеа градот Кочани и неговата околина, откако вчера попладне беа зафатени од опа сен пожар, кој се зака нуваше да дојде и до централното градско подрачје.

За среќа, пожарот во околината на градот е локализиран, а фотографиите сведочат за апокал ипсата што ја доживеа градот.




Противпожарните екипи се уште се на терен, а од утрово и арм ијата на Македонија е на помош на граѓаните, кои синоќа со голи раце се бор еа со пла мените јазици.

-Во моментот се одвиваат активности за локализирање на пожарот кај Пасјак. Зафатена е поголема површина, припадници на арми јата се на терен, заедно со противпожарната единица од Делчево и М.Каменица, Јавното комунално претпријатие и просторните сили во Делчево.




Доколку има потреба од воздухоплови испратено е барање до Дирекцијата за заштита и спасување и армијата и тие ќе дејствуваат согласно законски пропишаните мерки, информира Цоневски.

Населението од кочанскиот регион не е задоволно од тоа како државата излезе во пресрет при гаснењето на пожарот, кој беше сериозна зака на и за најголем дел од куќите во Кочани.




Николчо Гоцев од овој град, во изјава за „Фокус“, говореше за тоа како ја преж ивеале изминатата ноќ, бор ејќи се со пламените јазици.

„Јас организирав 300-400 луѓе преку Фејсбук да дојдат на помош да се справиме со пожарот. Ова е втор пожар во Кочани за десетина дена, а луѓето доаѓаа со голи раце.




Државата потфрли и немаше никаква организација за оваа ката строфа. Прва пристигна помошта од Штип, Велес и Виница, а потоа и од остатокот од Македонија. Војската дојде во 12 на полноќ. Луѓето што дојдоа, само стоеја и не знаеја каде да одат и што да прават.




За среќа, претпладнево пожарот е целосно изгаснат, но ситуацијата се уште се следи. Најжални се сликите од изг орените животни, тоа е катастроф ална штета за сто чарите“, истакна Гоцев.

Previous articleСе огласи Слаѓан од болница: Згрешив што не се имунизирав, ги заразив и моите
Next articleГори во близина на бензинска до граничниот премин Богородица (ФОТО)