Home News Проф. Даниловски: На Короната кај нас и „одѕвони“ – не сум за...

Проф. Даниловски: На Короната кај нас и „одѕвони“ – не сум за рестрикции

Нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, во одговор на коментар на својот профил на социјалните мрежи, дава своја проценка за моменталната ситуација со корона вирусот, но и за тоа што може да се очекува во иднина:




„Каква ќе биде есента и зимата буквално од нас зависи! Од тоа ќе успееме ли да достигнеме праг од 85% на колективниот имунитет. Ако успееме, епидемиски бран нема ни да има. Колку бидеме подалеку од тој праг, толку бранот ќе биде посилен. Просто ептен, зарем не?




Рестрикции дефинитивно нема да има. Зошто рестрикции при имање вакцини? Тој што не сака да се вакцинира, нека си се чува сам!

Не сум јас да им се ставаат забрани на невакцинираните! Зошто? Па тие се под ризик лошо да поминат ако се заразат, а не вакцинираните! И нема логика со забрани да се штитат вакцинираните од невакцинираните.




Вакцините се тие што се. Досега сите научивме до детаљи колку е ефикасноста на секоја од нив против алфа, делта… и требаше да ни стане јасно дека буквално сите ја имаат функцијата во многу висок процент да штитат човек да не заврши на респиратор или на гробишта.




Колку штитат од заразување е помалку важно. Значи, што им фали на вакцините? Само треба да се решиме да се вакцинираме. Не сакаме? Не биле сигурни вакцините?

Експериментални биле? ОК! Да сме живи и здрави, наесен „во живо“ ќе имаме прилика да се увериме која е вистината…




Науката и тоа како е способна да пронајде лек. И има пронајдено не еден, туку повеќе.

Јас, пак, гледам светло на крајот на тунелот! Знаете ли дека Македонија е на трето место во Европа според 14-дневната инциденција на 100 илјади? Кај нас таа изнесува 16.




Пред нас се само БиХ со вредност 9 и Полска со 3. Ние, БиХ и Полска сме сѐ уште во „зелената“ зона според висина на ризиците за заразување во светот – не само во Европа!




Знаете што значи ова? Ова значи дека ние имаме толку густа мрежа на бариери, што не знам каков мутант да се појави, нема шанси да се шири како стихија.




А ова, пак, значи дека на короната кај нас ѝ „одѕвонило“! Само што таа тоа уште не го знае… Тоа е предноста на мала популација…“

Previous articleСе шири како Овча сипаница – сите се загрижени по најновиот развој на настаните со Делта сојот
Next article(ФОТО) Мицкоски објави слика со Александар Вучиќ и кажа што разговарале