Home News САД препорача да не се патува во Грција

САД препорача да не се патува во Грција

Делта сојот од вирусот се шири речиси во сите земји од Светот, а особено во туристичките центри, земјите кои излегуваат на море.




Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорача да не се патува во Грција, Малта и Ирска поради зголемен ризик од зараза со коронавирус.

Тие се меѓу 16-те нови дестинации кои се додадени на листата земји во кои не е препорачливо да се патува, а оние што патуваат пожелно е да бидат целосно вакцинирани.




„Целосно вакцинираните патници имаат помала веројатност да се заразат или да го шират коронавирусот.

Сепак, меѓународните патувања претставуваат дополнителен ризик дури и за целосно вакцинираните луѓе поради некои варијанти на ковид-19“, вели ЦДЦ.




Дестинациите кои спаѓаат во високоризични имале 500 случаи на зараза на 100.000 жители во изминатите 28 дена.

Во почетокот на април Стејт департмент објави листа од 34 држави во кои не треба да се патува, а потоа додаде уште стотина.




Откако добар дел од државите беа тргнати од листата во јуни, таа повторно почна да се дополнува поради зголемениот број нови случаи на корона вирус.

Во САД и натаму останува ограничувањето за влез на луѓе кои не се државјани или резиденти, со одредени исклучоци.




Previous articleДиректорката на ФЗОР со одлични вести за оние кои ја примиле кинеската вакцина
Next articleБил Гејтс за своите деца: Сакаме да постигнеме рамнотежа во која имаат слобода да направат било што, но не и толку многу пари кои ќе им овозможат да не прават ништо